0%
100%

ВЛИЈАНИЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 ВРЗ ЖИВОТОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Почитуван студенту,
 
Универзитетот на Љубљана од Словенија (заедно со своите меѓународни академски партнери) го спроведува 2-риот дел од глобалното истражување за „Влијанието на пандемијата со КОВИД-19 врз животот на студентите.“ Првиот дел од истражувањето започна во мај 2020 год., по првиот бран од пандемијата со КОВИД-19. Со вториот дел од истражувањето имаме за цел да ги дознаеме разликите во перцепцијата на студентите за ситуацијата за време на вториот бран од пандемијата.
 
Прашалникот е заснован и претставува продолжение на истражувањето на Европската студентска унија (2020), а ги таргетира студентите од факултетите – за тоа како изгледа студентскиот живот за време на вториот бран од пандемијата од КОВИД-19, вклучувајќи ги и предавањата и учењето, социјалните контакти, како и начинот на кој студентите се справуваат со емотивната состојба.
 
Ве молиме, пополнете го прашалникот за да ни помогнете да ги разбереме овие аспекти од Вашиот живот. Учеството во истражувањето е целосно доброволно, а ќе ни помогне да направиме препораки за политичарите и високообразовните установи како да ги поддржат студентите во вакви кризни ситуации во различни околности, како економски, социјални, културни, политички и институционални.
 
Истражувањето е поделено во 8 секции и нема да Ви одземе повеќе од 20 минути да го пополните. Одговорите се целосно анонимни. Собраните податоци ќе се користат исклучиво за целите на истражувањето.
 
Ако имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте со проф. Д-р Александер Аристовник од Универзитетот на Љубљана на следната адреса: aleksander.aristovnik@fu.uni-lj.si.
 
Со кликање на копчето Следна страна, потврдувам дека:

  • сум информиран за доброволното и анонимно учество во студијата;
  • Имам најмалку 18 години;
  • Во моментот сум запишан на високообразовна установа.
 
Краен рок: 31 Jули 2021 год.
 
Однапред Ви благодариме за учеството во студијата!   

1.СОЦИО-ДЕМОГРАФСКИ И АКАДЕМСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Во Овој дел од прашалникот Ве прашуваме за социо-демографските и академските карактеристики.

Во која земја студирате (овој семестар)?

Ве молиме напишете го името на институцијата (каде што сега студирате).

(на пр. Универзитет на Љубљана, Факултет за јавна администрација)

Дали студирате во јавна установа?

Дали сте државјанин на земјата во која студирате?

Дали сте се преселиле заради пандемијата со КОВИД-19 (на пр. Од студентски дом во семејна куќа, и сл.)?

Која од следните карактеристики ја опишува средината во која живеете за време на пандемијата со КОВИД-19?

Со кого го поминувате најголемиот дел од времето за време на карантинте?

Каков е Вашиот студентски статус?

Во кој циклус на студии сте запишани?

Дали сте бруцош (т.е. студент во прва година на дипломски студии)?

Ве молиме наведете која е Вашата студиска група.

Колку сте мотивирани да учите за време на пандемијата со КОВИД-19?

Колку години имате (со број)?

Вие сте?

2. АКАДЕМСКИ ЖИВОТ

Во овој дел од прашалникот, Ве прашуваме како пандемијата од КОВИД-19 влијаеше врз Вашето искуство со предавањата и административната поддршка, како и за Вашиот успех и очекувањата.
 

Дали имате искуство со онлајн учење (целосно онлајн или комбинација од онлајн и физичко присуство) пред почетокот на пандемијата со КОВИД-19?

Дали предавањата на факултет (во местото/кампусот на факултетот) се откажани заради пандемијата со КОВИД-19?

2.1 Предавања
 

Бидејќи предавањата на факултетот се откажани, одржувањето на часовите е променето. Подолу се дадени неколку различни форми на предавања по интернет (онлајн). Ве молиме оценете колку сте задоволни од секоја форма. Ако немате искуство со која било форма, одберете „Не е применливо“.

Воопшто незадоволен Незадоволен Неутрален Задоволен Многу задоволен Не е применливо
Онлајн во реално време (видео конференција: Zoom, Skype, Teams, BigBlueButton, итн.)
Онлајн со видео снимка (не е во реално време)
Онлајн со аудио снимка (не е во реално време)
Онлајн со испраќање презентации до студентите
Писмена комуникација (форуми, четови, и сл.)

Која од овие форми на онлајн предавања доминираше?

Одберете едно

2.2 ТУТОРИЈАЛИ/СЕМИНАРИ И ПРАКСА
 

Бидејќи часовите на факултетот се откажани, се промени и одржувањето на туторијали/семинари и пракса. Подолу се наведени повеќе различни форми на онлајн часови за туторијали/семинари и пракса. Ве молиме посочете колку сте задоволни од секоја форма. Ако немате искуство со некоја од овие форми, изберете „Не е применливо“.

Воопшто незадоволен Незадоволен Неутрален Задоволен Многу задоволен Не е применливо
Онлајн во реално време (видео конференција: Zoom, Skype, Teams, BigBlueButton, итн.)
Онлајн со видео снимка (не е во реално време)
Онлајн со аудио снимка (не е во реално време)
Онлајн со испраќање презентации до студентите
Писмена комуникација (форуми, четови, и сл.)

Која од овие форми на онлајн часови за туторијали/семинари и пракса доминираше?

Одберете едно

2.3 ОЦЕНУВАЊЕ И ОБЕМ НА РАБОТА
 

Ве молиме наведете колку се согласувате со следните искази. Бидејќи часовите на факултет беа откажани, професорите:

Воопшто не се согласувам Не се согласувам Неутрален Се согласувам Целосно се согласувам Не е применливо
Редовно доставуваа задачи од програмата (на пр. За читање, домашни задачи, квизови).
Ми дадоа повратни информации за сработената задача.
Навремено ми одговорија на поставените прашања.
Беа отворени за предлози од студентите и ги прилагодуваа онлајн часовите.
Ме информираа како ќе изгледаат испитите во новонастанатата ситуација.

Во просек, во споредба со обемот на работа пред да се откажат часовите на факултет, дали обемот на работа во последните неколку месеци е променет?

2.4 ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРЕДАВАЊАТА И АДМИНИСТРАТИВНАТА ПОДДРШКА
 

Бидејќи часовите на факултет се откажани, колку сте задоволни од организацијата на:

Воопшто незадоволен Незадоволен Неутрален Задоволен Многу задоволен Не е применливо
предавањата.
Тутроијалите/семинарите и праксата.

Бидејќи часовите на факултет се откажани, колку сте задоволни од поддршката на:

Воопшто незадоволен Незадоволен Неутрален Задоволен Многу задоволен Не е применливо
Професорите и асистентите.
Техничката поддршта и ИТ секторот.
Студентски прашања.
Финансии и сметководство.
Канцеларијата за меѓународни односи.
Библиотеката.
Односи со јавност (информации на веб-страница и социјални медиуми).
Туторство.
Консултации со студенти.

2.5 УСПЕХОТ И ОЧЕКУВАЊАТА НА СТУДЕНТОТ

Во поглед на новата средина за предавање и учење, колку се согласувате со следните искази.

Воопшто не се согласувам Не се согласувам Неутрален Се согласувам Целосно се согласувам Не е применливо
Потешко ми е да се фокусирам на онлајн часовите, отколку на часовите на факултет.
Успехот како студент ми се подобри откако ги откажаа часовите на факултет.
Успехот како студент ми се намали откако ги откажаа часовите на факултет.
Добро се прилагодив на новиот начин на предавање и учење.
Можам да ги совладам вештините на кои нè учеа на факултет годинава, иако часовите беа откажани.
Можам да се снајдам да ги решам најтешките задачи иако часовите на факултет се откажани. 

3. ИНФРАСТРУКТУРА И ВЕШТИНИ ЗА УЧЕЊЕ ОД ДОМА

Во овој дел од прашалникот, Ве прашуваме дали имате услови да учите од дома.

Дали дома имате пристап до следното:

Никогаш Ретко Понекогаш Често Секогаш
Тивко место за учење
Маса/биро
Компјутер
Потребен софтвер и програми
Печатач
Слушалки и микрофон
Веб-камера
Канцелариски материјал (тетратки, пенкала, итн.)
Добра интернет врска
Материјали за учење (на пр. Задолжителна и препорачана литература)
Факултетска/универзитетска библиотека

Колку се согласувате со следниве искази за Вашите компјутерски вештини. Сигурен сум во:

Воопшто не се согласувам Не се согласувам Неутрален Се согласувам Целосно се согласувам
пребарување информации на интернет.
Споделување дигитални содржини.
Користење онлајн платформи (BigBlueButton, Moodle, Blackboard, GoToMeeting, итн.).
Користење онлајн платформи за соработка (Zoom, MS Teams, Skype, итн.).
Користење онлајн платформи за комуникација (е-меил, пораки, итн.).
Користење софтвер и програми кои ми се потребни за студиите.
Применување напредни поставки на некој софтвер и програми.

4. СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ

Во овој дел од прашалникот, Ве прашуваме за Вашата мрежа на поддршка во текот на кризата со КОВИД-19.

Колку често сте комуницирале онлајн со следните луѓе од почнувањето на пандемијата со КОВИД-19?

Воопшто не сум комуницирал/а Два или три пати месечно Еднаш неделно Неколку пати неделно Еднаш дневно Неколку пати дневно Не е применливо
Близок роднина
Подалечен роднина
Близок пријател
Оној со којшто живеам (на пр. Цимер)
Соседи
Колега од факултет
Професор/асистент
Административен персонал
Волонтерска организација
Социјални мрежи
Партнер (дечко/девојка)

За секоја од следните ситуации, Ве молиме одберете кому прво ќе му се обратите. Ако има повеќе луѓе на кои подеднакво би се обратиле, Ве молиме одберете го оној кој го чувствувате најблисок. Кому прво ќе му се обратите?

Близок роднина Подалечен роднина Близок пријател Оној со којшто живеам (на пр. Цимер) Соседи Колега од факултет Професор/ асистент Административен персонал Волонтерска организација Социјални мрежи Партнер Никој
Да Ви помогне околу куќата ако сте болен и треба да лежите неколку дена.
Да Ви се најде ако се чувствувате нерасположено или депресивно и сакате само да разговарате.
Да разговарате за проблемите во врска со учењето (предавања, семинари, практична работа).
Да разговарате за проблемите во врска со идното образование.
Да разговарате за проблемите во врска со личната финансиска состојба.
Да разговарате за проблемите во врска семејството и врските.
Да разговарате за проблемите во врска со идната професионална кариера.
Да биде тука за Вас ако сакате да разговарате за кризата со КОВИД-19.

5. ЕМОЦИОНАЛЕН ЖИВОТ

Во овој дел Ве прашуваме за тоа како се чувствувате од почетокот на пандемијата со КОВИД-19.
 

Ве молиме оценете во колкава мера сте ги почувствувале следниве чувства додека сте посетувале часови и сте учеле и сте се подготвувале за нив од почетокот на КОВИД-19 во Вашата земја.

Никогаш Ретко Понекогаш Често Секогаш
Радосен
Надежен
Горд
Фрустриран
Лут
Вознемирен
Засрамен
Ослободен
Безнадежен
Здодевно
Релкасирано

6. ЖИВОТНИ ОКОЛНОСТИ

Во овој дел од прашалникот, Ве прашуваме дали имате некои животни околности (општо или финансиски) за кои сте загрижени во контекст на студентскиот живот и кое е Вашето мислење во однос на мерките за поддршка и промените кои настанаа во однесувањето од почетокот на пандемијата со КОВИД-19.
 

6.1 ОПШТИ ОКОЛНОСТИ
 

Колку често сте загрижени за следните лични околности?

Мал дел од времето Еден дел од времето Добар дел од времето Поголем дел од времето Цело време
Личното физичко здравје
Личното ментално здравје
Проблемите со учењето (предавања, семинари, практична работа)
Идното образование
Личнате финансиска состојба 
Семејството и врските
Идната лична кариера
КОВИД-19 или слична пандемиска криза во иднина
Слободни активности (спорт и културни активности, забави, дружење со пријателите, и сл.)
Патување во странство
(Повторно) заразување со КОВИД-19
Сериозно заболување од КОВИД-19
Моја блиска личност (член од семејството или близок пријател) сериозно да се разболе од КОВИД-19
Колапс на здравствениот систем

6.2 ФИНАНСИСКИ ОКОЛНОСТИ
 

Како би го опишале Вашиот семеен приход?

Кога ќе го земете во предвид Вашиот месечен приход (пред пандемијата со КОВИД-19), дали сметате дека можете да си ги платите трошоците за студирање (вклучително и трошоците за живот, како кирија и сл.)?

Дали во текот на оваа академска година работевте за плата или планиравте да најдете платена работа во оваа академска година?

Иако сте работеле или сте планирале да најдете работа, дали работата претрпи некакво влијание од пандемијата со КОВИД-19:

Кои Ви се плановите по завршувањето на пандемијата со КОВИД-19?

Дали плаќате школарина?

Дали добивате стипендија за студиите?

6.3 ПОДДРШКА И ОДНЕСУВАЊЕ
 

Ве молиме наведете колку сте задоволни како следните институции и групи се справуваат со пандемијата од КОВИД-19.

Воопшто незадоволен Незадоволен Неутрален Задоволен Многу задоволен Не е применливо
Владата
Универзитетот
Банките
Болниците
Бизнисите
Супермаркетите
Невладините организации (НВО)/граѓански органиации (на пр. Студентски сојузи, здруженија за човекови права, хуманитарни оргнизации, итн.)
Медиуми (ТВ, интернет портали, весници, итн.)
Граѓани

Ве молиме оценете колку често ги имавте следниве навики пред и за време на пандемијата со КОВИД-19.

Пред пандемијата соКОВИД-19 За време на пандемијата соКОВИД-19
Никогаш Ретко Понекогаш Често Секогаш Никогаш Ретко Понекогаш Често Секогаш
Миевте раце
Излегувавте од дома без неопходна причина
Избегнувавте толпи и собирање во големи групи
Избегнувавте да се допирате по лицето
Се ракувавте
Правевте залихи од неопходна храна и лекови
Планиравте комуникација со роднините, пријателите и соседите
Откажувавте патувања
Пополнувавте рецепти
Работевте од дома
Избегнувавте јавен превоз
Носевте маска надвор
Им нудевте помош на луѓето
Купувавте намирници онлајн
Вежбавте и се рекреиравте
Посетувавте роднини и пријатели
Се каравте со членовите од семејството
Пиевте алкохол
Пушевте

7. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ И ПЕРЦЕПЦИЈА НА ПАНДЕМИЈАТА

Дали сте добиле позитивен тест на КОВИД-19?

Колку сериозни симптоми имавте?

Дали знаете некој во Вашата блиска околина дека бил или моментално е заразен со КОВИД-19?

Колку сериозни симптоми имаше тоа лице? (ако знаете повеќе лица заразени со КОВИД-19, Ве молиме опишете ги симптомите на лицето кое најтешко ја поминало болеста)

Ако постоеше вакцина што би Ве заштитила од заразување со коронавирусот, колкава е веројатноста да се вакцинирате?

Колку се согласувате со следните искази?

Воопшто не се согласувам Не се согласувам Неутрален Се согласувам Целосно се согласувам
Вирусот што го предизвикува КОВИД-19 е создаден во лабораторија
Симптомите за КОВИД-19 се поврзани со зрачење од 5Г мобилната мрежа
Пандемијата со КОВИД-19 е планирана од страна на одредени фармацевстки корпорации и владини агенции
Нема цврсти докази за постоењето на корона вирусот.
Бројот на пријавени смртни случаи од корона вирусот властите намерно го зголемуваат
Моменталната пандемија е дел од глобалните напори да се присилат сите на вакцинација, без разлика дали сакаат или не

8. ОПШТИ ВПЕЧАТОЦИ

Во овој дел од прашалникот, Ве прашуваме кој е Вашиот општ впечаток за пандемијата со КОВИД-19.
 

Дали можете да ни ги кажете Вашите општи ставови/размислувања за КОВИД-19?

Ако сакате да ги добиете резултатите од истражувањето, Ве молиме оставете ја Вашата е-меил адреса:

(e.g. john@gmail.com)

Ви благодариме за учеството во истражувањето!
 

You are currently in survey preview mode! Answers will not be saved!

Enable saving data and comments

Preview - data is not collected.