0%
100%

ВЛИЈАНИЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 ВРЗ ЖИВОТОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Почитуван студенту,
 
Универзитетот на Љубљана од Словенија (заедно со своите меѓународни академски партнери) го спроведува 2-риот дел од глобалното истражување за „Влијанието на пандемијата со КОВИД-19 врз животот на студентите.“ Првиот дел од истражувањето започна во мај 2020 год., по првиот бран од пандемијата со КОВИД-19. Со вториот дел од истражувањето имаме за цел да ги дознаеме разликите во перцепцијата на студентите за ситуацијата за време на вториот бран од пандемијата.
 
Прашалникот е заснован и претставува продолжение на истражувањето на Европската студентска унија (2020), а ги таргетира студентите од факултетите – за тоа како изгледа студентскиот живот за време на вториот бран од пандемијата од КОВИД-19, вклучувајќи ги и предавањата и учењето, социјалните контакти, како и начинот на кој студентите се справуваат со емотивната состојба.
 
Ве молиме, пополнете го прашалникот за да ни помогнете да ги разбереме овие аспекти од Вашиот живот. Учеството во истражувањето е целосно доброволно, а ќе ни помогне да направиме препораки за политичарите и високообразовните установи како да ги поддржат студентите во вакви кризни ситуации во различни околности, како економски, социјални, културни, политички и институционални.
 
Истражувањето е поделено во 8 секции и нема да Ви одземе повеќе од 20 минути да го пополните. Одговорите се целосно анонимни. Собраните податоци ќе се користат исклучиво за целите на истражувањето.
 
Ако имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте со проф. Д-р Александер Аристовник од Универзитетот на Љубљана на следната адреса: aleksander.aristovnik@fu.uni-lj.si.
 
Со кликање на копчето Следна страна, потврдувам дека:

  • сум информиран за доброволното и анонимно учество во студијата;
  • Имам најмалку 18 години;
  • Во моментот сум запишан на високообразовна установа.
 
Краен рок: 31 Jули 2021 год.
 
Однапред Ви благодариме за учеството во студијата!   

You are currently in survey preview mode! Answers will not be saved!

Device:

Jump to:

Enable saving data and comments

Preview - data is not collected.